Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска попладне во „Вила Билјана“ во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2018“ на најдобрите дипломирани од инженерските дисциплини.

Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 15-ти пат, во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ, Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на претседателот Иванов ќе му доделат признание за континуирана поддршка на манифестацијата „Инженерски прстен“, како значаен сегмент во промовирањето на инженерството и инженерските струки во земјава. 

Во изминатите петнаесет години ова признание го добиле 150 дипломирани инженери и тоа, како што наведува Кабинетот, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.