Повеќе од илјада монети со археолошка вредност биле пронајдени во домот на поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов.

Полицијата денеска извршила претрес во домот на поранешниот градоначалник и ги пронашала монетите кои биле пронајдени на разни локалитети во Македонија.

Пред две години Панов беше осуден на два месеца затвор и му беше одредена парична казна од 25.000 денари за изборен поткуп за време на изборите во 2016 година.