Во првата половина од денот сончево и топло со умерен југозападен и западен ветер. Попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. Уште попладнето, почнувајќи од север, ќе започне да дува силен северозападен ветер со брзина од околу 90 км/час, а тоа ќе услови нагло заладување.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 30 степени, која попладне значително ќе опадне.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.