Времето претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 32 степени.

Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.