Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, преку денот со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни.

Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 2, а дневната од 7 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската ќе биде околу минус 1, а дневната ќе достигне до 13 степени.