Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерена облачност и со услови за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од шест до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до шест степени.

Следува период на претежно стабилно време со умерена до значителна облачност и со услови за појава на мала по котлините. Во западните делови повремено ќе има појава на слаб локален дожд, особено во вторник кога и облачноста ќе се зголеми. Дневната температура до средината на следната недела ќе биде во постепен пораст.