Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ изнесува девет.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурите ќе се движи од од 19 до 34 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок и за време на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.