Граничниот премин „Меџитлија“ од ноќеска на полноќ ќе биде затворен за секаков вид сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин „Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 4.8.2020 (вторник) – соопштија од МВР.

Во соопштението се наведува дека сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“.