Вечерва во 20 часот е закажана средба на премиерот Зоран Заев со помалите коалициски партнери. Се очекува пристигањето на лидерите на партиите во претседателската вила на Водно, која е на барање на претседателот Стево Пендаровски, откако Македонија не доби одлука лидерите на Европската Унија за старт на пристапните преговори. 

Во обраќање до јавноста, премиерот Заев побара предвремени избори, а се очекува денес на средбата да биде договорен и датум за истите.

За да нѐ биде, мора да нѐ бива – од нас зависи!

Сите ќе треба двојно повеќе да работиме, двојно повеќе да направиме. Да сме двојно подобри.Промените и реформите не ги носи една влада или 20 луѓе. Треба сите да се промениме, сите да се реформираме. Сите 2 милиони.За да немаме загадување, треба да престанеме да загадуваме. За да немаме корупција, треба да престанеме да нудиме и прифаќаме поткуп. За да не си одат младите, треба да отвораме уште повеќе работни места. За да нѐ биде, мора да нѐ бива.Од нас зависи, од сите нас.

Posted by Zoran Zaev on Недела, 20 октомври 2019