Пејачката Туна Сејди и дел од музичката естрада одржаа прес-конференција во врска со заедничката иницијатива за донации за помош и поддршка на настраданите од земјотресот во Албанија.

На прес-конференцијата беше соопштено дека заклучно со 9 часот денеска, преку телефонските бореви за донации 143-400 биле собрани 2.467.000 денари.

Исто така, беше упатен апел до сите граѓани и компании во државата да донираат и продукти, но, пред сè, парични средства бидејќи, како што беше речено, важен е процесот на рехабилитација на настраданите во земјотресите во Албанија, а тоа најдобро се прави со парична помош.

На прес-конфернецијата говореа генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, бизнисменот Енвер Малиќи, пејачката Туна Сејди и други естрадни уметници, кои исто така донираа финансиски средства за настраданите.