Родителите излегоа на протест против образованите реформи

Одборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на законските иницијативи кои предвидуваат дигитализација на учебниците.

– Одиме пред се првенствено на референдум, и тоа ќе одиме на задолжителен референдум, не на консултативен и ќе ги видиме ставовите и мислењата на сите родители. Очајно ме молат пензионирани академици, професори, наставници, стручни лица, не молат нас родителите да ги спасиме нашите деца и тоа ни дава поттик да одиме понатаму со цел да го спречиме овој предлог закон. Се протестира во повеќе градови и ќе се чуе родителскиот глас. Политиката да се држи настрана од нашите деца, денес се слуша гласот на родителите. Не сакаме монолог, сакаме да се чуе нашето незадоволство, сакаме дијалог – изјави еден од родителите, учесник на денешните протести.

Учесниците на протестот се упатија кон Владата, а предвидено е нивниот марш ќе заврши пред Собранието. Истовремено најавени се протести и во други градови низ државата.

Од Министерството за образование веќе соопштија дека нема да се откажат од носењето нов закон за учебници за основно и средно образование.

– Со новите наставни програми, учениците се ставаат во центарот на образовниот систем. Министерството за образование и наука ги разбира дилемите што ги имаат родителите. Промените од есен ќе стартуваат во прво и четврто одделение – изјавија вчера од МОН.