Народниот правобранител ги информира граѓаните дека активно ќе го следи процесот на спроведување на пописот, за целиот период на неговото времетраење од 1 март до 21 април.

За таа цел секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право може да поднесе претставка по електронски пат на адресата [email protected].

Народниот правобранител по поднесената претставка ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.