Претседателот на Владата, Зоран Заев истакна дека реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби е еден од клучните реформски приоритети за подобрување на ефикасноста и сервисната ориентација на јавната администрација. За таа цел, беше одржана и тематска седница на Владата на која детално беше дискутиран првиот предлог Интегриран извештај за идната организациска поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво.

„ Врз основа на вашата активна партиципација од минатата недела и предлозите кои тогаш, а и дополнително ги споделивте со министерот за информатичко општество и администрација, од страна на проектниот тим направена е Презентација на предлогот, наодите и препораките за идната структура на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво“, информираше премиерот Заев.

Експертот на проектот, Александар Антоновски, го презентираше предлогот за идната структура на јавната администрација.

Тој се осврна на инклузивноста на процесот во кој беа вклучени сите засегнати страни и сите министерства. Изминатиот период беа направени повеќе анализи, интервјуа, работни состаноци кои доведоа до првиот предлог за реорганизација на јавната администрација. Предлогот за реорганизација во наредниот период ќе биде доставен и на седница на Владата.

Како заклучок на состанокот беше, дека во наредниот период Предлогот за идната организациска поставеност на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво, ќе биде финализиран и доставен на седница на Влада.