Jавното обвинителство ја презентираше новата интернет-страница www.jorm.gov.mk, овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Јавното обвинителство како орган кој ги гони сторителите на кривичните дела и се грижи за функционирањето на казнениот правен систем, има обврска јасно и транспарентно да ги споделува информациите со јавноста. Објавувањето на информациите нема само информативна функција за задоволување на јавниот интерес, туку преку нивна обработка и споделување, се реализира обврската за превентивно и едукативно дејствување врз состојбите со криминалитетот во општеството – изјави jавниот обвинител Љубомир Јовески.

– Довербата на јавноста во вашата институција зависи од резултатите на вашата работа и од начинот на кој споделувате информации со јавноста за вашата работа. Довербата е емотивен одговор и најчесто треба да се заслужи, негува у да се одржува. Работата на јавното обвинителство мора да биде отворена и достапна за пошироката јавност, до степенот до кој тоа го дозволуваат законите и меѓународните стандарди – истакна aмабасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Новата интернет-страница беше презентирана пред медиумите и пред јавните обвинители.