Македонските спасувачки екипи пристигнаа во Драч и се ставени на располагање на надлежните служби во Албанија. Таму се веќе и нивните колеги од Италија. Заеднички ќе се обидат да спасат што е можно повеќе животи, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

 Шилегов ги објави првите слики направени од нашите пожарникари.

 -Екипите на Скопската противпожарна бригада. Сликите од Драч се стравични – објави Шилегов.

Најмалку 20 лица загинаа, а над 600 се повреднеиот во силниот змејотрес којшто утринава ја погоди Албанија. Во текот на денот, регионот беше погоден од неколку послаби земјотреси.