Фото: Маја Јаневска-Илиева

Традицијата на соживот, меѓусебно почитување, мултикултурализам, негување на различностите преку почитување, одбележување и славење на различните празници, со векови била присутна на овие простори. Од дедовци и прадедовци останало да се раскажува како соседи од различна вероисповед на празници одат едни кај други, си даруваат јајца за Велигден или баклава за Рамазан, си честитаат меѓусебно, уважувајќи ги и почитувајќи ги обичаите на другите. Во пресрет на големиот празник Велигден, да посакаме така да остане и понатаму и празникот да им го осветли патот на сите што оваа држава ја чувствуваат за своја татковина