Православните верници денеска го слават вториот ден од Христовото Воскресение.

Воскресението Христово беше објавено завчера на полноќ во сите храмови на Македонската православна црква, а празнувањето продолжува со воскресенски литургии.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

Вториот ден Велигден, е државен празник и неработен ден за сите граѓани во Република Македонија.