Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала, во 12 часот и 6 минути, бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар.

Земјотресот е од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скопje, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.