Фото: „Нова Македонија“

Вкупно 10.678 слободни места има за идните студенти на факултетите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, што запишуваат додипломски студии во учебната 2021/2022 година. Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето, критериумите за упис и за потребните документи за пријавување на кандидатите.

Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат според успехот во средното образование е на 31 август и 1 септември, а за оние кои се рангираат и според проверка на знаењата е денеска и утре. Вториот рок е закажан за 16 и 17 септември, а третиот за 28 септември.

Во квотата редовни има 5.247 слободни места за студентите кои се финансираат од буџетот на државата. Има 4.366 места за оние кои се кофинансираат и 1.065 места за вонредните студенти.