Годишната обнова на документи за сите корисници на социјална парична помош почнува од утре, информираше Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа. Корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот.

При поднесување треба да имаат на увид важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност.

-Основно задолжување во оваа обнова е сите полнолетни членови од семејството задолжително да бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен – информираат од Центарот.

Обновата на документите трае заклучно со 28 јануари 2019 година.