Со поместување на стрелките на часовникот ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето.

Одлуката ја донесе Владата на 124-тата седница според која летното сметање на времето годинаа започнува на 31 март во 2 часот по полноќ, со поместување за еден час нанапред, со што времето во 2 часот. ќе с се смета како 3 часот.

Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 3 часот.

Донесувањето на оваа одлука, како што се наведува во соопштението, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.