Уписите на ученици во прво одделение започнаа денеска во 360 основни училишта во Македонија, а се очекува во наредната учебна година во училишните клупи да седнат околу 20.000 првачиња.

Уписот на првачиња е за учебната 2018/2019 година, за деца родени во 2012 година. Децата кои до 31.01.2019 година ќе наполнат шест години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/старателот и мислење од училишниот педагог. Уписот трае до 31 мај 2018 година.

Минатата година за учебната 2017/18 биле запишани 20.437 првооделенци, а во Скопје околу 6.200