Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бесплатната вакцинацијата против сезонскиот грип почна денеска во шесте поликлиники на територијата на град Скопје, и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит-пазар, Ченто и Јане Сандански во рамките на Здравствениот дом – Скопје.

Министерството за здравство минатата недела соопшти дека се набавени 40.000 дози од четиритипни вакцини, кои се наменети за бесплатна вакцинација на ризичните групи, во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години.