Познатиот македонски режисер и драматург Златко Славенски, редовен професор на Факултетот за драмски уметности, почина ненадејно вчера во Скопје, каде што и беше роден во 1966 година. Славенски дипломираше на истиот факултет, каде што предаваше театарска режија, а зад себе остави многубројни театарски остварувања меѓу кои се и претставите: „Амадеус“, „Папокот на светот“, „Бесови“, „Кавкаски круг со креда“, „Соларис“, „Супернова“, „Сината птица“ и други. Беше сопруг на глумицата Искра Ветерова и татко на две деца.