Почина поранешниот директор на Македонската радио телевизија (МРТВ) Слободан Трајковски. Тој беше именуван на функцијата во јуни 1996 година од страна на Собранието, а во националната телевизија работеше од 1969 до 2010 година.

Трајковски беше дипломиран правник и долгогодишен новинар кој во неговата богата професионална кариера ја извршуваше и функцијата генерален конзул во Торонто, Канада.