Денеска, по кратко боледување, на 72-годишна возраст почина писателот и поранешен директор на „Битолски весник“, Панде Манојлов.

Манојлов беше во два мандати директор, главен и одговорен уредник на „Битолски весник“,а функцијата прв човек ја извршуваше во периодот од 1982 до 1990 година.

Покрај со новинарство, Манојлов се занимавше со пишување поезија. Автор е на десетици книги поезија и проза и беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања од минатиот век.

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с.Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Член на ДПМ беше 1989 година.

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот. 

Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на градот Битола, „Ванчо Николески“ – Битола,„Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“. Добитник е и на признание од државта Палестина

М.М.