Денеска, по подолго боледување, почина долгогодишниот новинар Тодор Пендаров.

Тој беше политички аналитичар, а работеше и како советник за односи со јавност во Собранието, како дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељаноски.

Пендаровски имаше долга и успешна новинарска кариера, а редовно беше присутен во јавноста на ТВ-дебатите, анализирајќи ги темелно политичките случувања.

Тој неодамна го прележа коронавирусот, но неговата здравствена состојба се влошила поради низа други здравствени проблеми.