Еден од основачите на МАНУ во 1967 година, академик проф. д-р Ѓорѓи Филиповски, почина вчера во Скопје на 100-годишна возраст.

Филиповски објавил над 200 научни трудови и 19 монографии во македонски и во странски списанија. Неговите трудови се од повеќе области на педологијата, областа на географијата, генезата и класификацијата на почвите, како и од областа на мелиорациите и ерозијата на почвите.

Комеморацијата за академик Филиповски ќе се одржи утре во МАНУ, во 11 часот, а погребот е во 13 часот.