По повод 8 Септември – Денот на независноста, утре со почеток во 18 часот од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на десет плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија.