Во Владата на Република Македонија во тек е прес-конференцијата на која министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, ќе потпишат Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.

На потпишувањето на спогодбата присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој рече дека денешниот настан е за славење и мотивација.

-Министерството за здравство и Синдикатот кој ги обединува здравствените работници ќе ја крунисаат неодамнешната владина одлука за зголемување на платите за 5 проценти на повеќе од 19 илјади вработени луѓе во јавните здравстевни установи ширум Република Македонија. Изразено во бројки од слендиот месец, средно медицинскиот кадар ќе добие дополнително 1500 денари, докторите специјалисти на Универзитетските интерни клиники на сметка ќе добиваат плус 3.756 денари, лекарите специјалисти во општите болници 4.060 денари, а на докторите специјалисти на Унверзитетските клиники за хируршки болести, почнувајќи од септемвриската плата ќе им биде самата плата повикока за 4.548 денари. Кога на оваа сума ќе се додаде надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, сигурен сум дека тоа во значителна мера ќе ја подобри положбата на сите работници во здравствениот систем. Со ова Владата и Министерството за здравство го исполнуваат ветувањето дадено за подобрување на стандардот на зравствениот систем, но во исто време го зголемуваат мотивот за работа на лекарите. Мора да обезбедиме услови за работа на нашите лекари да бидат задоволни, бидејќи само така ќе го дадат најдоброто од себе и целосно ќе се посветат на своите пациенти, рече премиерот Заев.

Министерот Филипче рече дека со потпишувањето на денешната Спогодба се отвора формалниот пат за зголемување на платите на сите вработени во здравството за пет проценти, односно зголемување на основицата за пресметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12.654 денари на 13.286 денари.

Посочи дека зголемувањето ќе почне да се применува со исплатата на септемвриската плата и дека тоа ќе значи реализација на уште една точка од Програмата за работа на Владата.

Каранфиловски рече дека потпишувањето на Спогодбата претставува потврда за добар и успешен социјален дијалог меѓу социјалните партнери, а за нив како Синдикат уште поголема придобивка по основ на платите на вработените.

– Најголемата придобивка е исполнувањето на ветувањето на Владата за ова зголемување на платите, а најбитното за нас како Синдикат е што ова покачување се однесува за сите вработени во здравството, рече Каранфиловски и потенцира дека ја поздравуваат ваквата активност на Владата.

Истакна дека на преговарачката маса со Министерството за здравство се ставени веќе и корекциите на коефициентите на сестрите со средно образование и корекциите на коефициентите на лекарите специјалисти.

– Сметам дека со овој пристап со одредена динамика на реализирање ќе направиме едно комплетно задоволство во здравството и сите одредени пропусти и она што не се случуваше досега ќе биде предмет на наши договори, рече Каранфиловски и ја поздрави, како што рече, оваа втора фаза за комплетно зголемување на платите за сите вработени во здравството.

Потсети дека во првата фаза имало зголемување по основ на процентите на дежурствата на лекарите специјалисти, за ноќен труд, како и корекција на коефициенти на специјалисти од санитарна….