Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло. Температурата ќе се движи од 19 до 38 степени.

Вчера беше активирано жолто ниво на целата територија на Македонија, а од денеска и портокалово ниво во Скопското подрачје, долж Повардарието и во источните делови поради опасност од високи температури и УВ зрачење.