Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Наместа ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно ќе бидат застапени во западните и југозападните делови на земјава.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 10 до 19, а највисоката дневна температура ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, предпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температура ќе се движи од 17 до 31 степени.

За утре се очекува изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Од петок времето ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.