Министерството за култура соопшти дека направило анализа на потребните средства за порамнување на платите на вработените во установите од областа на културата по дејности, во согласност со постојните колективни договори на ниво на установи.

Работната група формирана во Министерството за култура направила пресметки колку финансии се потребни, но додека траат претседателските избори законот не дозволува завршување на постапката за нивелација на платите.

-Во согласност со Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршувањето на изборот за претседател на Република Македонија не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетските средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал, ниту да се потпишуваат колективни договори – информира Министерството за култура.