Согласно одлуката на Владата на Република Македонија за забрана за движење на населението во периодот од 20.00 часот до 5.00 часот наредниот ден, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19.00 часот.

Сите граѓани на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18.30 до 19.45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден до 18.30 часот, притоа почитувајќи го датумот на закажаниот термин, стои во писменото соопштение од МВР.