Поради зголемен интерес за издавање на готовите лични документи, Одделението за управни работи Скопје, ќе работи и за време на претстојниот викенд (24/25 јули), информираат од МВР.

Од ресорното министерство појасуваат дека в сабота (24 јули) ќе бидат отворени објектот во МТВ и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров, со работно време од 8 до 16 часот.

В недела, пак, готови лични документи ќе може да се подигнат само во објектот на МТВ, од 8 до 16 часот.