Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пописот на населението е во прекин поради пад на интернет-врската, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на информации од директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски.

Ангажираните попишувачи недолго по 11 часот го алармирале ДЗС дека не можат да влезат во апликацијата за пописот, по што имало едночасовен застој во спроведувањето на статистичката операција. Според последните информации, проблемот со интернетот е надминат.

Досега се попишани близу 100 илјади граѓани, по вчерашниот почеток на пописот, како што наведуваат од ДЗС.