Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, преку Фејсбук сподели информација дека Романија ќе испрати во земјава авион со голем капацитет за гаснење, како помош во справувањето со пожарите.

– Нова поддршка од НАТО сојузниците во справувањето со пожарите – Романија испраќа авион со голем капацитет за гаснење. Благодарност до романскиот министер Николае Јонел Чука што реагираше веднаш на моето барање ова утро – напиша Шекеринска.