Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) преку соопштение прашува зошто во новиот предлог-буџет не е предвидено покачување на платите за полицијата.

Во реакцијата од СПМ до Собранието и до Владата се бара зголемување на платите во полицијата, истовремено укажувајќи дека ветените проценти за зголемување на платите се мали за наведената категорија.

СПМ изразува верување дека заеднички ќе бидат смогнати сили за да се донесе одлуката која, како што се наведува, можеби ќе ја врати довербата во полициската професија.