Скопје се најде на десеттото место на листата на градови со најзагаден воздух, откако изутринава беа измерени 129 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.

Загаденоста во Куманово, исто така беше на алармантно ниво во изминатите два дена. Таму беа измерени 1.800 микрограми на метар кубен.

Како причина за загаденоста на воздухот во Куманово се наведува системот за греење на болницата која користи мазут во котелот за затоплување, според градските власти. Општината соопшти дека почнала со аеросолизација, како итна мерка за намалување на загаденоста. Згора, оттаму бараат централната власт да издвои средства за гасификација на болницата.