Пожар го зафати реонот на Кочани, поточно околината над селото Бели. Пожарите моментно се со намален интензитет на горење, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

Екипи на национални шуми од Виница и Кочани како и екипи на ТППЕ од Кочани и Виница утрово ќе дејствуваат координирано, а авионите од Дирекцијата за заштита и спасување ќе помагаат од воздух.

– Очекуваме дека во предпладневните часови пожарот ќе биде локализиран и изгаснат. Опасност по население и материјални добра нема – информира ДЗС.