Според информациите на Центарот за управување со кризи до 14 часот сеуште е активен пожарот во атарот на Делчевско а се појавиле и нови жаришта.
Првата локација кај с. Разловци м.в „Чокалица“. Пожарот е локализиран но екипите се суште на лице место. Другата локација е во атарот на с. Тработи и Нов Истевник нат Света Вода.

Пожарот е ставен под контрола, каде остануваат 4 вработени од ШС да се контролира и понатаму а останатите се повлечени и упатени на другата локација кај с. Разловци, велат од ЦУК.

Пожарот на територијата на Општина Пехчево е суште активен истиот се проширува на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на с. Будинарци. Се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.

Пожарот кој беснее во атарот на с. Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на с. Мирашинци каде гори борова шума. ТППЕ- Штип во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево во Општина Штип. Има сознанија за ново жариште кај с. Богословец на територијата на Свети Николе.

Од страна на БППЗ и од ШС Караџица сме известени дека пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, велат од ЦУК. Дообјаснуваат дека таму гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа.

Контактирано е со Председателот на Совет на општина Сарај кон не извести за истата состојба. Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, превземени се активности од страна на Кризниот Штаб со употреба на воздухоплови. По нивни налог евакуирани се сите актери во гаснењето на овој пожар на безбедна оддалеченост.

По наводите на техничкиот директор на ШС Караџица, како и врз основа на контактите со луѓето кои се на теренот, направен е до сега еден прелет каде водата паднала на пожарот но по кратко време пак се разгорел и се проширил.
Пожарот сега се движи кон с. Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.

ШС- Караџица известува за димење кон Преслап на Китка. Добиено е известување од нивни шумар дека се работи за чадење од пожар и со време губи на сила.
Од ТППЕ Св. Николе известуваат дека во 11.30 часот повторно е активиран, односно препален пожарот кај Богословски рид. Пожарот кај Крушје- Џидиминци е локализиран и не се шири.

Во 11 часот дејствуваа воздухоплови кај с. Дивље на скопска страна но сеуште димат дрвја во внатрешноста на пожарот. Лицата на терен од велешка страна го контролираат пожарот на теренот. Пожарот кај с. Иванковци – с Мамутчево е изгаснат. Опожарени се 8 хектари стрништа.

Во Прилепско во моментот има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:
– во атарот на селата Дрен- Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума. -Во 10:10 часот повторно е реактивиран пожарот кај с. Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско. Интервенираат во с. Дрен- Смолане ТППЕ Тетово известува за помал пожар покрај патот Шипковица-Бродец каде гори сува трева. Помал пожар има и во атарот на с. Романовце на опожарена сува трева, соопштија од ЦУК.