СДСМ продолжува со реализацијата на одговорните политики кои обезбедуваат подобар животен стандард за граѓаните и го враќаат достоинството. Измените во законот за извршување, усвоени во Собранието на предлог СДСМ, особено се во интерес на загрозените категории на граѓани, чии приходи целосно се изземаат од присилно извршување – соопшти партијата.

Според СДСМ, примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица, отсега целосно се изземаат од присилно извршување.

– Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните. Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните. Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.
СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите – се додава во соопштението.