Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил телефонски разговор со својот хрватски колега, Зоран Милановиќ.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, во разговорот Пендаровски изразил сочувство до семејствата што ги изгубија своите блиски во серијата земјотреси што ја погодија Хрватска.

Претседателот изразил и уверување дека Хрватска и сите нејзини граѓани бргу ќе ги санираат последиците од природната катастрофа.