На самитот за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски остварил куса средба со претседателот на САД, Џо Бајден, на самитот за климатски промени.

– На маргините на Самитот за климатски промени КОП26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел – напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

Пендаровски вчера на самитот рече дека и покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции. Како земј- кандидат за членство во ЕУ подготвена да почне преговори, додаде тој, Македонија веќе го транспонира европското законодавство за климатски промени во своето национално законодавство.