СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до постигнување договор за Законот за јавно обвинителство, за решавање остануваат уште две-три точки за кои лидерите на двете политички партии бараат компромис, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски смета дека за постигнување на договорот е клучна политичката волја од партиите. Доколку не успеат преговорите, одлуката за определување датум за преговорите не би била загрозена, бидејќи прашањето е решено со префрлувањето на предметите во основното јавно обвинителство, тврди Пендаровски.