Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски објави јавен оглас за избор на тројца посебни советници, чијашто основната нето-плата ќе изнесува од 30.000 денари до 50.000 денари.

Во огласот, кој ќе биде активен до петок, Пендаровски бара по еден советник за прашања од областа на надворешната политика, одбраната и безбедноста и советник за прашања од областа на внатрешната политика.

Општи услови за сите кандидати е да се државјани на Република Северна Македонија, да бидат полнолетни и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Во огласот е наведено дека со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.

Вработувањето на советникот трае најдолго до истекот на мандатот на Пендаровски.