Делницата Куманово – Опае од утре до петок, во времетраење од 09 до 18 часот, ќе биде затворена за сообраќај поради асфалтирање, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.