По извршените анализи утврдено е дека патникот кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари и пријавил дека има покачена температура нема коронавирус, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

– Пациентот за кој зборувавме утрово има негативни резултати – соопшти Филипче.

Тој информира дека состојбата на пациентката со коронавирус е стабилна.