Поранешниот претседател на Основниот кривичен суд, Владимир Панчевски, на својот фејсбук-профил реагираше отако денеска во јавноста беше објавена информација дека Основното јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против него, за злоупотреба на информацискиот систем за управување со судски предмети АКМИС.

Панчевски во објавата пишува дека со ваквиот потег власта амнестира 48 предмети од областа на организираниот криминал и корупција правосилно завршени во сите судски инстанци.

– Кои криминалци од висок ранг ги спасува власта, а обвинителството на Јовевски одработува останува да видиме – истакнува тој.

Исто така додава дека станува збор за фингиран предмет за АКМИС системот, со кој, како што вели, власта потонува скоро 47 судии и исто толку јавни обвинители во прв степен, и сите судии кои постапуваат на кривична материја во Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд, Вишото Јавно обвинителство и Јавното обвинителство на Република Македонија.