Индексот за пасоши објави податоци за моќта на пасошите, со кои може слободно да се патува без виза или со кои може да се добие виза веднаш по пристигнувањето во друга земја, на која Македонија се најде на 16-то место, пред Албанија, Црна Гора, но и пред САД, чиј пасош поради ковид-19 падна на 21-то место.

Со тоа, граѓаните на Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина имаат помоќен пасош од граѓаните на САД.